produce - онтологија

вади повеќе

вадат
Вид збор: Глагол, несвршен
произведува, изработува
Албански: prodhon
Примери:
Од оваа нива вадиме пет тона пченица годишно.

даде повеќе

дадам
Вид збор: Глагол, свршен
произведе, роди, носи
Албански: prodhoj
Примери:
Нивата даде род.

добие повеќе

добијат
Вид збор: Глагол, свршен
Произведе, стекне, постигне нешто (како резултат на труд, на дејност).
Албански: prodhon
Примери:
Од нашата работа добивме солидни резултати.

извади повеќе

извадат
Вид збор: Глагол, свршен
Произведе со вадење од некаде.
Албански: nxjerr
Примери:
Ние извадивме песок од реката.
Произведе со сечење, режење и сл.
Албански: prodhon
Примери:
Од трупецот извади само четири штици.

испродуцира повеќе

Види и: продуцира (св. и несв.)
испродуцираат
Вид збор: Глагол, свршен
продуцира
Примери:
Тој го испродуцира и овој филм.

продуцира повеќе

продуцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
произведе, произведува
Албански: prodhoj
Примери:
Погонот продуцира суровини за хемиската индустрија.

произведе повеќе

произведат
Вид збор: Глагол, свршен
Создаде со работа материјални или духовни вредности.
Албански: prodhoj
Примери:
Фабриката произведе рекорден број производи.

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
изработува, произведува
Албански: prodhon
Употреба: Економија
Примери:
Кој ги работеше овие чевли?

создаде повеќе

создадат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане причина, придонесе да се појави нешто.
Албански: krijon
Примери:
Му создаде непредвидени тешкотии.

штанцува повеќе

штанцуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Произведува сериски.
Албански: prodhon
Употреба: Нестандарден збор , Преносно значење
Примери:
Промоторите без резултати, Владата штанцува нови.